Се очекува на 15 декември Европската комисија да го објави позитивните извештаи за двете страни

20151209.qgswpprapp

Европската комисија ќе ги укине визите за украинските и грузиски граѓани од летото на 2016 година и за таа цел ќе објави извештај со позитивна оценка за текот на реформите во двете земји, пишува “Ди Велт”, повикувајќи се на информирани дипломатски извори во Брисел. Позитивниот извештај се очекува на 15-ти декември и токму тој ќе стане предуслов за укинување на визите. Според изворите на германските медиуми, тоа ќе е гест на охрабрување за Петро Порошенко за извршените од него реформи во Украина. Заедно со тоа, Украина ќе мора да ја подобри својата работа во борбата против корупцијата, за што потсети и потпретседателот на САД Џо Бајден кој беше во посета на Киев. При укинување на визите Украинци и Грузијците ќе добијат право да патуваат во земјите од ЕУ во текот на 3 месеци за половина година, но нема да имаат право на работа во нив.

Слични содржини