Диара го раскина договорот со ПСЖ и стави крај на кариерата

од Vlatko K

Поранешниот член на француска репрезентација, Ласана Дара ја заврши својата фудбалска
кариера. 33-годишниот Диара ги објави вестите по раскинувањето на договорот со францускиот
фудбалски шампион Пари Сен Жермен.


„Дојде време „да ги закачам копачките на клинец“. Дадов многу на фудбалот и добив многу
благодарение на него. Тоа е вистинска школа за станување маж. Не велам дека направив се
совршено, но го направив со срце, страст и добрина“, пишува Диара во Инстаграм.

Играчот од средниот ред играше за тимови како Арсенал, Челзи и Реал Мадрид, пред да премине
во Париз Сен Жермен во јануари 2018 година.

Оваа сезона, Дијара имаше само три натпревари за францускиот шампион во Лига 1

Слични содржини