Дибала: Му објаснив на Роналдо зошто го мразиме малку во Аргентина

од Vladimir Zorba

Пауло Дибала и Кристијано Роналдо развија убава соработка во Јувентус, па во една прилика дојдоа озборувања од Шпанија дека Роналдо бил задоволен само од играта на Аргентинецот во клубот.

Кога Португалецот дојде од Реал Мадрид во летото 2018 година, во почетокот беше невообичаено за играчите на „Старата дама“ бидејќи не го познаваа толку многу Роналдо.

„Му реков: „Кристијано, ние во Аргентина малку те мразиме. Поради твојот изглед, животен стил, одењето … Вистина, јас бев изненаден, затоа што кога го запознав, открив нешто сосема друго. Роналдо одговори дека знаел дека е таков и дека научил да се носи со вакви работи во својата кариера“.

„Десетката“ на Јувентус се опоравил од коронавирусот. Дибала е еден од тројцата италијански играчи на шампионите што беше заразен, заедно со Блеиз Матуиди и Даниеле Ругани.

Слични содржини