Дибала не ги задржa солзите на разделбата со навивачите на Јувентус (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Пауло Дибала не можеше да ги задржи солзите по натпреварот помеѓу Јувентус и Лацио (2:2). Ова беше последен меч на Аргентинецот пред навивачите на „Старата дама“, кои уште еднаш ја покажаа големата љубов кон него.

Дибала го напушта Јуве по седум сезони во црно-белиот тим. Неговиот договор ќе истече на 30 јуни, кога станува слободен играч. Интересно е што во декември напаѓачот постигна усмен договор со шефовите на клубот повторно да потпише и да остане. Но, ситуацијата подоцна се промени и газдите го повлекоа предлогот за нов договор, по што стана јасно дека разделбата е неизбежна.

Аргентинецот никогаш не криел дека сака да остане во Јувентус, но тоа така и не се случи. На мечот со Лацио долго ги чуваше емоциите, но на крајот не издржа и заплака.

Интересно, ова беше последен домашен натпревар и за Џорџо Киелини по 17 години со Јувентус. Клубот имаше организирано неколку иницијативи за да го одбележи настанот, па дури и „Тhe great Chiello“ беше напишано на дресовите за натпреварот. Во исто време, сепак, се чинеше дека газдите заборавиле дека ова е последен меч на Дибала и тоа никако не се одрази.

Сепак, неговите соиграчи и навивачи не ги оставија работите така и Дибала беше испратен повеќе од соодветно. На крајот од мечот Аргентинецот беше фрлан во воздух од останатите играчи и во тој момент не издржа и потекоа солзи, а сите на стадионот станаа да му аплаудираат.

Во меѓувреме, навивачите во текот на целиот натпревар не престанаа да ги исвиркуваат претседателот Андреа Ањели и останатите газди на клубот.

Според навивачите, тие се виновни за разделбата со Дибала.

Слични содржини