Дибиров се огласи и испрати порака до навивачите

од Aleksandar Petrovski

По егзодусот кој му се случува на европскиот првак Вардар и заминувањето на Криштопанс во Фуксе Берлин, Павел Атман во Спартак Москва и Гедбан кој најави трансфер во Адемар Леон, на социјалните мрежи се огласи Тимур Дибиров.

Тој со порака на Инстаграм директно им се обрати на фановите на „црвени црните“.

„Драги фанови, знам дека сега ние е во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани,но сега е момент за сите нас да се обединат и да покаже дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш,и сите заедно ќе се даде поддршка кога е најтешко, ве повикувам сите во салата и да го покажеме што е љубов,заедно можеме да направиме се“, на симпатичен македонски јазик напиша Русинот.

Слични содржини