Дигиталните материјали за учење за 4-то одделение ќе може да се симнат на домашните ит уреди

од Берта Китинска

Дигиталните материјали за учење за 4-то одделение се подготвени и ќе може да се симнат на домашните ит уреди веднаш по започнувањето на новата учебна година, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

-За децата од социјално ранливи семејства обезбедивме таблети, кои ќе ги содржат материјалите за учење, а ќе им бидат дадени на користење од училиштата, додека за децата од семејства, кои за жал немаат струја, ги обезбедивме материјали за учење во печатена форма.Со новата Концепција предност во четврто одделение се дава на дигиталните учебници кои ќе бидат уште една алатка повеќе во успешно совладување на материјалот, вели Царовска.

Слични содржини