Дијагноза на коронавирус за само еден час

од Aleksandar Petrovski

Фабриката Кијаген во Хилден во близина на Келн едвај успева да ја исполни сегашната побарувачка. Таа биотехнолошка компанија прави опрема за молекуларна дијагностика, а сега тоа вклучува и брз тест за новиот коронавирус.

„Во многу краток рок, го зголемивме нашето производство за повеќе од 70 отсто. Ние ја интензивиравме толку многу што од сегашните еден и пол милион тестови месечно – а оди еден тест по пациент – на крајот на годината ќе можеме да произведеме 20 милиони тестови месечно. “, вели Томас Турингер, портпарол на фирмата.

Од минатата недела – за цела Европа

Компанијата Кијаген реагираше брзо на новата ситуација. Опремата за тестирање, која е на пазарот од 2018 година, е надградена и сега може да го дијагностицира присуството на коронавирусот за само еден час. Овој брз тест е наменет за употреба во болници и лаборатории, а од минатата недела може да се користи и низ цела Европа.
„Ова е глобален предизвик и ситуацијата варира од земја до земја. Разликата особено се гледа во тоа колку брзо државите го препознале вирусот и дали тие дејствувале брзо “, вели Турингер. „Азиските земји како Јужна Кореја реагираа многу побрзо отколку што да кажеме САД. Сепак, побарувачката за тестови се зголемува во сите земји. Поради оваа причина, сега е голем предизвик да се направи тестирање достапно низ целиот свет “.

Резултатите на Кијаген предизвикаа интерес од други компании. Американскиот производител на лабораториска опрема Термо Фишер е подготвен да го купи Кијаген за околу десет милијарди евра.

Слични содржини