Дијалогот меѓу С.Македонија и Бугарија продолжува

од Берта Китинска

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков во Рим информираше дека во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на постигнување на заедно прифатив документ со Бугарија.

„На средбата, на која присуствуваа и министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска, премиерите Ковачевски и Петков имаа конструктивен разговор не само за отворените политички прашања туку и за економската криза со која се соочува целиот свет. Истакнато беше дека Владата на Северна Македонија има јасна цел која се однесува на справување со кризата, заштита на стандардот на најранливите категории на граѓани, поддршка на компаниите за да бидат ликвидни и обезбедување на соодветни инвестиции кои ќе го покренат економскиот раст“,се наведува во соопштението од Влада.

Претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков повика да не се подлегнува на провокациите од различни групи кои се обидуваат да ги ескалираат тензиите и рече дека Бугарија и Северна Македонија можат да го продолжат правецот на добрососедство само преку конструктивен дијалог, пренесе бугарската „Нова“.

Петков рече и дека двете земји не поставиле рокови, туку меѓусебно си ветиле дека ќе продолжат со добриот тон и уште еднаш го повика бугарскиот претседател, Румен Радев да го свика Советот за национална безбедност, каде темата ќе продолжи.

Слични содржини