ДИК ги објави официјалните резултати: Убедливи победи на Николов во Штип и Јаоски во Пласница

Официјално, на предвремените локални избори во Штип и Пласница, победата ја понесоа Сашко Николов, односно Алија Јаоски.

Државната изборна комисија излезе со официјални резултати по комплетирањето на гласовите во овие две општини. Имено во Штип своето право на глас го оствариле 14.528 од вкупно 41.777 запишани во избирачкиот список.

Сашко Николов таму од редовите на СДСМ, понесе 11.668 гласови, односно 80,31% од гласовите. За кандидатот на Интегра, Симон Поликарп гласаше 8,25% односно 1.198 гласови, и за кандидатот на ТМРО, Лазар Наумов, гласот го дале 284 гласови. Неважечки ливчиња во оваа општина има 824, односно 5,67%.

Во Општина Пласница пак, вчера во избирачкиот список беа запишани 4.954 граѓани на девет избирачки места, а цензусот за успешни избори беше исполнет вчера во 15 часот, кога ОИК Пласница објави дека на гласање излегле над една третина од вкупниот број на избирачи. Според податоците на Државната изборна комисија, Јаоски добил 1. 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.

На овие локални избори, опозициската ВМРО ДПМНЕ оцени дека не треба да учествува.

Слични содржини