ДИК ги објави резултатите: СДСМ и коалицијата „Можеме“ 327 329 гласови, ВМРО-ДПМНЕ 315 344

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ и коалицијата  „Можеме“ освоиле најмногу гласови на парламентарните избори, односно 327 329 гласови.

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315 344 гласови, ДУИ 104 587 гласови, Алијанса на Албанците и Алтернатива 81 297, Левица 37 551, ДПА 13 891, Интегра 12 291, ГДУ 3555 гласови“, соопштија од ДИК.

Врз основа на податоците од записниците на ОИК, вкупно гласале 942 334 граѓани од вкупно 1 814 236 запишани избирачи.

„Има 31 466 неважечки ливчиња“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Слични содржини