ДИК го усвои регистарот на медиуми за претстојните избори

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои регистарот на медиуми кои ќе имаат право на претставување на политички партии на претстојните избори.

Комплетна документација доставиле 41 телевизија, 48 радија, 12 печатени медиуми и повеќе од 200 веб портали.

Целиот регистар ќе биде објавен на веб страницата на ДИК, со претходно утврдените ценовници за искористување на буџетски финансиски средства за претстојните избори.

Слични содржини