ДИК ќе се залага за потранспарентен процес на доставување финансиски извештаи од партиите

од desk2

Согласно најновите измени на Законот за финансирање на политички партии, Државната изборна комисија (ДИК) веќе ќе биде задолжена да постапуваат во наредниот изборен циклус, односно да го направиме потранспарентен процесот на доставување извештаи. Извештаите да бидат составени од веродостојни податоци, како што налага законот, се со цел да се надминат сите сомнежи околу финансирањето на политичките партии.


Ова денеска го изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски пред почетокот на траклезната маса на тема „Ревизија на финансирање на политичките партии и изборните кампањи“.

– Различни се мислењата дали оваа измена е добра или лоша, во смисла дали кога добивате повеќе пари од буџетот за финансирање на својата политичка активност истовремено добивате и обврска да бидете потранспарентни во трошењето на тие пари, а и органите кои се задолжени, во случајов Државниот завод за ревизија, ќе може потранспарентно и поверодостојно да ги утврдува извештаите, односно да ги проверува извешатите кои ги доставуваат политичките партии, рече Дерковски.

Додаде дека е добро е што со измените на законот се намалија износите за донации од правни и физички лица. – Иако ние како ДИК не можеме да влијаеме на тие одлуки, но сметам дека ќе сториме се за да се подобри процесот на доставување на извештаи и тие да бидат поверодостојни, рече Дерковски.

Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на Република Македонија Горан Милевски изјави дека генерално со измените на Законот за финансирање на политички партии се подобрува законското решение бидејќи политичките партии сега нема да бидат зависни од приватните компании, од приватниот капитал.

-Едноставно со зголемувањето на масата пари за финасирање на политичките партии тие проблеми кои ги имавме ќе се надминат и порелаксирано во идниот период ќе можеме да функционираме и самостојно и да искреираме некои настани. Сега привилегијата да бидат финансирани ја имаа само поголемите политички партии. Помалите, за жал беше слаб интересот од приватниот капитал да помогнат, и на тој начин бевме обесправени затоа што немавме исти старатни позиции со поголемите партии. Едноставно сега тие разлики се надминуваат и сите одиме рамнопрвано да се натпреваруваме со нашите идеи и понуди, рече Милевски.

Смета дека сега донациите во таа мера нема да бидат потребни бидејќи во изборната кампања државата ќе го покрива рекламирањето во медиумскиот простор што, како што рече, беше најголем трошок за политичките партии. Според него, трансапрентноста сега ќе биде поголема зашто се намалува износот кој приватниците ќе можат да го донираат.
Одговарајќи на новинарско прашање, Милевски потсети дека сега за ВМРО-ДПМНЕ се води случај од СЈО за незаконско финнасирање на политички партии. Изрази надеж дека правната држава ќе профункционира за сите и оти ќе има судска разрешница на тој спор, а политичките партии ќе почнат малку поодговорно и посериозно да се однесуваат.

Собранието на Република Македонија на 25 јули годинава по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политичките партии, кој содржи одредби со кои се предлага допрецизирање на одредбите што се однесуваат на финансирањето, контролата на финансиските средства на политичките партии и казните за прекршувањето на одредбите од овој закон.

Слични содржини