ДИК: Во Дебар победи Дука

од Берта Китинска

Според првичните резултати кои ДИК  ги објави  половина час по полноќ од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ и коалцијата.

Дука освои 4.291 глас, односно 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, гласале 4.153 или 48,09 отсто.

ДУИ и нејзиниот кандидат за градоначалник Дука вчера  прогласија победа после гласањето во вториот круг од локалните избори.

-Голема победа во Дебар, заслужена и праведна, напиша на фејсбук лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Победата ја честиташе и министерот за економија и член на ДУИ, Крешник Бектеши кој објави фотографија заедно со актуелниот градоначалник и со дел од симпатизерите на партијата.

Дука го победи Беким Поцеста од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Слични содржини