Дилета Леота го посоветува Ибра за настапот на фестивалот во Санремо, еве што му порача

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ објави дека ќе присуствува на фестивалот во Санремо и за ова се зборуваше со денови!

Секако, во Италија ја прашаа и убавата водителка Дилета Леота што мисли за тоа. Се шушкаше дека двајцата биле во врска, а заводливата Италијанка имаше само еден совет за Ибра!

„На Златан не му се потребни совети, бидејќи тој е роден шоумен. Единствено што можам да му порачам е да биде свој. Само таквиот Златан ќе стори сé за да умреме од смеење“, рече Дилета, која Златан и ја послуша!

Тој се појави на сцената полн со самодоверба во рачно изработено сако, а потоа од звучниците се слушна песна од Нада Топчагиќ! Секогаш свој, тој се појави на познатиот италијански фестивал со балканска музика и уште еднаш покажа каков шоумен е.

Сепак гласините за неговата наводна врска со Дилета се покажаа како лажни, бидејќи Италијанката најде друга љубов.

Слични содржини