Димишкова во Обвинителство дава исказ за „Рекет“

од Vladimir Zorba

Судијката Весна Димишкова денеска е повикана да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Димишкова, која беше спомнувана во снимените разговори поврзани со случајот „Рекет“, повикана е во Обвинителството како лице кое дава потребни известувања.

Судењето за случајот „Рекет“ е закажано за 3 декември, кога на обвинителна клупа ќе седнат обвинетите Катица Jанева, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.

Поранешната специјална јавна обвинителка Јанева вчера ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако скопскиот Апелациски суд донесе одлука со која ја уважи нејзината жалба и и одреди мерка куќен притвор.

Во куќен притвор од 24 септември е и Зоран Милевски, а во затворот во Шутка остана првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски.

Слични содржини