Димитриевски: Бугарија треба да се извини јавно, па да продолжиме понатаму

Во своето гостување во Студио 10, актуелниот градоначални, Максим Димитриевски посочи дека историските факти не смеат да се побијат, па оттаму и одбива да менува табли на споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.

„Истата наука го потврдува дека предците и револуционерите се бореле за нашата земја. Ние можеме да зборуваме за дел од заедничка историја, но ние си имаме историја која е потврдена и е исклучиво наша. Но, тоа е работа на историската комисија. Не треба да се спречи процесот на евроинтеграцијата. Во Куманово, нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор. Факт е дека нашите семејства беа жртви на тој окупатор. Бугарија треба јавно да се извини и да продолжи понатаму. Во спротивно, ако се осудите да менувате табли, ќе ве осуди сопствениот народ пред се“, истакна Димитриевски.

Слични содржини