Димитриевски до Џамбаски и Костадинов: Од Македонец Бугарин не бидувa!

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски по повод вчерашните изјави на двајцата европратеници од БНД соседна Бугарија Џамбаски и Костадинов потенцираше дека еден ден ќе разберат дека Македонија била, е и ќе биде Македонска, а од Македонец Бугарин не биднува, ниту Србин, а најмалку Грк

„По повод вчерашните олигофренски* изјави на двајцата европратеници од БНД соседна Бугарија сакам да ги поздравам нив двајцата, а и останатите нивни истомисленици со една песна од прекрасна Тракија. Веројатно еден ден ќе разберете дека Македонија била е и ќе биде Македонска а од Македонец Бугарин не биднува, ниту Србин а најмалку пак Грк. Во Бугарија се среќаваме и дружиме со луѓе кои се искрени наши пријатели, ја почитуваат Македонија во целост и нејзината посебност и не се оптеретени со шовинистички ставови на поединци кои немаат сила во бугарското општество да освојат гласови ниту за едно пратеничко место во парламентот. Една порака и до власта – Вашиот молк е повеќе и од срам!, во било која демократска држава за вакви навреди се одговара за уривање на уставниот поредок и поттикнување на национална нетрпеливост, не ни очекувам повеќе од вас, поради тоа набргу ќе бидете сменети. Слава и на македонката Бунева! – збор од странска граматика“, истакна Димитриевски.

Слични содржини