Димитриевски: Голем број од луѓето во раководството на СДСМ никогаш не припаѓале во партијата

од Берта Китинска

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во Студио 10, по победата вели дека нема да има реваншизам и дека општината ќе биде отворена за соработка со сите.

-Мојата партија СДСМ побегна од идеологијата, голем број од луѓето во раководството на СДСМ никогаш не припаѓале во партијата. Конкретно, ФЗОМ го водеа луѓе кои не се од СДСМ, Мила Царовска дојде од невладиниот сектор  и Венко Филипче кој не бил во СДСМ  лукративно постапуваа, но тие треба веќе да се минато во партијата. Граѓаните испратија порака. Не доживеаја пораз само кандидатите за градоначалници на изборите, туку политиките кои се спроведуваа на централно ниво. Во Куманово состојбата беше поинаква. Тврдам дека ниту еден партиски интерес не може да биде пред националните интереси. Од СДСМ голем број пријатели ми честитаа, за жал Заев се уште не се јавил, вели Димитриевски.

Тој додаде дека  нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ  и доколку постоел ќе победел во првиот.

Слични содржини