Димитриевски: Имавме борба на Давид против Голијат

од Nikola Popovski

Градоначалникот Максим Димитриевски се заблагодари на граѓаните за поддршката која вчера ја добија од кумановци и им порача и во вториот круг да го поддржат.

Тој вели дека „ова беше борба на Давид против Голијат“.

-Борба во којашто граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти и политички партии, но успеа да почне со демонтажа на еден веќе монтиран систем којшто прави груба злоупотреба на системот во партиско политички цели. Кумановчани и ние тоа го игнориравме и заедно успеавме, рече Димитриевски на прес-конференција.

Согласно последната промена направена од Државната изборна комисија (ДИК), Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа.

Двајцата добиле по 32 отсто од гласовите. Димитриевски е во блага предност со 32,79 отсто од гласовите на оние кои вчера излегоа на гласање, односно за него гласале вкупно 15.164 кумановци. За Илиевски гласале 32,74 отсто од граѓаните, односно добил 15.142 гласа.

Слични содржини