Димитриевски ја поздрави поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, ја бара и од членовите на СДСМ

од Nikola Popovski

Ja поздравувам поддршката и воедно ги повикувам и останатите политички субјекти, вклучувајќи и членовите на СДСМ, ЛДП и албанските партии да дадат поддршка на овој концепт, рече актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој трча по втор мандат, како реакција на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг.

Според него, неговиот концепт е најдобар бидејќи може успешно да продолжи да го менаџира Куманово и кој ги обедини граѓаните во Македонија.

-Граѓаните испратија порака во првиот круг во кого имаат најголема доверба и сметам ќе се повтори во вториот круг, изјави Димитриевски за ТВ Сител.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николоски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална. Ние нема да кажуваме во тие места дека гласовите ги имаме во џеб или се наша сопственост и нема да ги третираме граѓаните како да ги имаме кај себе, како што тоа го прави СДСМ, но воедно повикуваме слободоумно и отворено да излезат и да ги поддржат кандидатите на тие места кои искрено се борат против власта, порача Николовски.

Слични содржини