Димитриевски: Ќе работиме чесно за нашите деца, родители, баби и дедовци

од Vladimir Zorba

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вчера одржа средби со граѓани кои живеат центарот на Куманово.

„И покрај дождот имавме супер дружба со жителите во центар на паркингот зад ТЦ Сума. Граѓаните на сите заеднички средби потврдуваат дека сакаат да продолжиме со развојот на Куманово. Ветуваме и во овој мандат одговорно и чесно работење, подобрување на квалитетот на живот на кумановци, вложување во човечкиот капитал, грижа кон постарите, нашите родители, баби и дедовци. Децата се нашиот фокус и затоа мораме да им овозможиме подостоинствени услови. Повеќе зеленило, паркови, детски катчиња, спортски игралишта, повеќе тротоари, кружни текови, безбедни улици, модерни градинки и училишта, одговорна и транспарентна општина“, изјави Димитриевски.

Слични содржини