Димитриевски: Куманово секогаш бил предвесник на одредени промени

од Берта Китинска

„Куманово заслужува да продолжи да се развива и да се шири. Куманово секогаш во својата историја бил предвесник на одредени промени. Ајде заедно да продолжиме да го градиме наше Куманово. За мое, за твое, за наше Куманово – сите заедно на 17ти октоври да покажеме дека Куманово секогаш бил град на непокор и град којшто предизвикувал сериозни промени на подобро во нашето општество”, порача Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

Димитриевски, обраќајќи се на своите сограѓани повика на поддршка за претстојните избори во недела, “Во недела одлучуваме и за иднината на нашиот град. Дали во следните 4 години Куманово ќе продолжи да се развива и шири, да се трансформира во еден модерен, урбан и чист град којшто нуди перспективни. Ве повикувам во недела на 17ти октомври сите масовно да излезете на гласање за претстојните локални избори и да ја дадете својата поддршка за концептот “За наше Куманово”, за мене како ваш сегашен и иден градоначалник под реден број 80 и за советничката листа “За наше Куманово” – граѓанска иницијатива предводена од Ивана Ѓорѓиевска и реден број 61”, порача Димитриевски.

Слични содржини