Димитриевски: Македонците и сојузничките балкански народи беа и се уште се антифашисти

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски се огласи на социјалните мрежи по повод новите разбранувања во јавноста околу најавите за остранување на „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците по историја. Според него, „ова е понижување“.

-Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не’ понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се’ уште се антифашисти. На 11-ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен премиер. Сега молкот е повеќе од срам!, стои во објавата на Димитриевски.

Слични содржини