Димитриевски: Не мавај, не фрлај по полицаецот, не е виновен тој

од Берта Китинска

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во однос на вчерашните протести посочи да не се мава по службени полициски лица, и дека виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат Македонија.

„Не мавај, не фрлај по полицаецот, не е виновен тој, тоа се истите луѓе кои ја бранеа државата во 2001ва, во кумановско Диво Насеље и ако е потребно повторно ќе ја бранат. Виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат нашата Македонија и се однародуваат. ДА за демократски протест! НЕ за насилство, конфликти, говор на омраза и навреди на етничка основа! Ние единствено на овој свет се делиме на добри и лоши луѓе“, напиша Димитриевски на неговата официјална Фејсбук страница.

Слични содржини