Димитриевски: Неколкумина што на 27-ми април не беа во Собранието, денес се доживуваат себеси како поголеми херои од сите ние што бевме таму

од Nikola Popovski

„Сценаристите на 27-ми април не се тука и селективна правда не може да има за овој случај“, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за „Студио 10“.

Според него, поттикнувачите на овој настан се амнестирани.

„Или ќе имате предмет за сите или ќе ги амнестирате сите. Од мој аспект, не им замерувам на тие што ме нападнаа, повеќе сум им лут на тие што го нарачаа и координираа тој напад. Исто така не можам да заборавам дека тогаш имаше полицајци што седеа и не презедоа ништо“, потенцира Димитриевски.

Тој потенцира дека неколкумина што тогаш не биле во Собранието, денес седат во високи врвови на власта и се доживуваат себеси како поголеми херои од сите кои тогаш беа во Собранието и имплементираат лоши политики.

Слични содржини