Димитриевски нема да коментира имиња, ниту пак ќе се меша во внатрепартиските избори на СДСМ

од Берта Китинска

Нема да коментирам имиња, ниту пак ќе се мешам во внатрепартиски постапки за избор на претседател, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања за изборот на лидер на СДСМ.

-Ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци, рече Димитриевски.

Слични содржини