Димитриевски нема да се кандидира: Ваквиот систем не е според Статутот на СДСМ

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Куманово и се уште активен член на СДСМ, Максим Димитриевски денеска потврди дека нема да се кандидира за претседател на партијата.

-Ваквиот систем, не е според Статутот на партијата. Се одредуваат состаноци на месни организации, општински организации и се даваат предлози, самите предлози потоа ги потврдуваат општинските организации и на крајот, значи се отвора постапка и за самокандидатури, во кои што треба членството да исфрли кандидат а не да пишуваме ние кандидатури со самокандидирање и да се правиме сами претседатели пред време, соопшти Димитриевски во изјава за ТВ 21.

Досега кандидатури за лидер на СДСМ поднесоа Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски, додека најави за кандидатури има од директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и поранешниот директор на УБК и поранешен советник на Заев, Миле Зечевиќ.

Рокот за поднесување кандидатури истекува утре.

Слични содржини