Димитриевски: Нов случај на насилно однесување врз жена кандидат за советник од нашата граѓанска иницијатива

од Nikola Popovski

Најостро ги осудувам случаите во изминатите два дена каде двајца наши кандидати за советници се нападнати од кандидати за советници од редовите на СДСМ, вели актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски.

Според него, завчера, физички бил нападнат кандидатор за советник Реџеп Реџеповски од кандидатот за советник на СДСМ Самет Салиевски.

-Овој случај е злоупотребен од нивна страна и дезинформираа дека наводно Реџеповски го нападнал Салиевски. Инаку, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Вчера, повторно насилно однесување врз жена кандидат за советник од нашата граѓанска иницијатива. Во МВР пријавивме дека на кандидатот за советник Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од раце од страна на Момир Петрушевски кандидат за советник на СДСМ и истиот е демонстративно уништен.

До кога ќе се служите со недолично однесување? Граѓаните ја испратија пораката на 17-ти октомври кого поддржуваат, а во недела, на 31-ви октомври повторно ќе ги казнат оние кои сакаат да дојдат на власт со злоупотреби, притисоци, насилства и лажни обвинувања.

Апелирам, ваквите девијантни однесувања да престанат! Недозволиво е насилство врз жени и врз членови на нашиот тим!, напиша Димитриевски на својот Фејсбук профил.

Слични содржини