Димитриевски: Поголема фрустрациуја кај македонскиот народ од овие моменти и последните години немало

од Берта Китинска

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во „Студио 10“, кажа дека очекува владата да излезе и да го отфрли францускиот предлог.

-Во бугарскиот парламент има дискусии, ќе се расправа за македонските внатрешни прашања. Кого треба да прашаме дали ние сме Македонци? Самите себе или останатите во светот? Ние сакаме да влеземе во ЕУ каде што се признаваат сите вери и нации и сите лични определби, тогаш зошто толкаво лицемерие? Треба да си ја продадеме нацијата и корените наши сопствени каде предците наши велеа дека се Македонци, денеска да кажеме не вие не бевте Мадеонци вие бевте Бугари и тоа го бара Бугарија од другата страна, кажа Димитриевски.

Тој посочува дека поголема фрустрациуја кај македонскиот народ од овие моменти кои денеска ги доживуваме и последните години немало.

-Македонецот се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, неговите предци му ја оставиле државата да ја менаџира. Во општеството, особено во политиката владее една сеопшта картаза каде гледаме 2 4 партии помеѓу кои една умешна менаџира со двете и е континуриано на власт послендите 20 години и доаѓа од етничлките партии,а другите две не можат да се усогласат помеѓу себе по основните наицонални прашања. На Македонија и е потребно ново лидерство кое ќе седне на маса и ќе ги договори македонските црвени линии, вели градоначалник на Куманово.

Слични содржини