Димитриевски: Поради Бугарија се доведува во прашање и спроведувањето на Преспанскиот договор

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски смета дека во моментов се доведува во прашање и спроведувањето на Преспанскиот договор, поради дијалогот со Бугарија.

-Зошто тогаш нашите бугарски пријатели не туркаа храбро кон процесот, а дополнително сега ја отежнуваат состојбата за добивање на датумот на преговори со ЕУ. Нашето искуство со Бугарија во минатото е многу лошо, особено за нашите претци во периодот 1942-1945 и Втората балканска војна, вели Димитриевски во гостувањето на емисијата „Трилинг“.

За неговите односи со раководството со СДСМ, Димитриевски информира дека не се точни информациите дека пиел кафе со лидерот на владеачката партија и актуелен премиер, Димитар Ковачевски.

-Немам испиено кафе и отворен сум за тоа, но политичкото делување е друго. Јас сепак не можам да одлучам за такво нешто, туку морам да се консултирам и да одлучат луѓето и граѓаните кои беа со мене и ми помогнаа да добијам нов мандат, посочи Димитриевски.

Слични содржини