Димитриевски: Превозниците кои протестираа инкасирале речиси 15 милиони евра

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше на протестите на дел од фирмите превозници во градот. Според него, неколку од тие фирми кои го поттикнале и организирале протестот на име училишен превоз од буџетот во последните петнаесет години имаат инкасирано 912.268.000,00 денари (над 14,8 милиони евра), плус дополнително наплатени билети за јавен превоз на граѓаните а притоа услугите кои ги добивавме за нив најдобро сведочат граѓаните, нередовни линии, стари возила, неистакнат возен ред и.т.н).

-Бидејќи договорот кој беше склучен во 2016г. пред да бидам избран за градоначалник истече, редно е Куманово да добие јавен превоз како што му доликува на еден модерен и урбан град каков што сакаме да го трансформираме сите.

Не се протестира од страв за граѓаните, се протестира поради профитот кој што се остварува без притоа да се исполнат стандардите на општината на јавниот оглас, а воедно се блокира превозот во општината и се вршат обиди да се манипулираат граѓаните, вели градоначалникот.

Димитриевски појаснува дека ќе продолжи да се води по граѓанските и јавни интереси.

-Личните амбиции на поединци кои имаат бизнис-политички мотиви нема да ме спречат во намерата да продолжам да работам за наше Куманово!, порача Димитриевски.

Слични содржини