Димитриевски: СДСМ е акционерско друштво

од Nikola Popovski

Во Куманово во првиот изборен круг имавме борба на Давид и Голијат, а Давид го победи Голијат. Се боревме само со граѓаните против сите политички субјекти. На една страна АД СДСМ и ДУИ, а на друго место ВМРО-ДПМНЕ со неговите коалициони партнери. На трета страна Алијанса на Албанците и Алтернатива, вели актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски.

Тој во вториот круг ја бара поддршката од сите граѓани, бидејќи според него, граѓаните се партнер.

– Јас како социјалдемократ верувам дека ќе ја добијам повторно поддршката и од моите социјалдемократи и од неопределените, и од сите граѓани, без разлика на својот етнички пристап, бидејќи концептот „За наше Куманово“ е концепт за сите граѓани во општина Куманово. А јас живеам заедно со Албанците, Србите, Ромите во тој дел на градот, го знам тој менталитет и живеам заедно и за тие луѓе, истакна Димитриевски во емисијата „360“.

Слични содржини