Димитриевски: Се пее „Чао Максо“, а вистинската песна е „Чао Бела“

од Nikola Popovski

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска пред новинарите упати критики кон МВР за односот на полицајците, додавајќи дека ова е само дел од моментите на обид за заплашување негово и на неговиот тим.

-Јас како кандидат за градоначалник и сите мои поддржувачи и активисти од штабот „За наше Куманово“ се предмет на физичко и друго следење од страна на поедини лица вработени во Министерството за внатрешни работи. Имено, денеска откако го напуштив своето работно место и се упатив кон мојот матичен лекар за да одам на редовен преглед и да примам терапија, се упативме со лицето Дејан Димитриевски коешто го управуваше возилото, кое е уредно, технички и технички исправно, рече Димитриевски на прес-конференција.

Тој ги демантираше натписите на одредени електронски портали и медиуми дека има управувано со моторно возило и наводно истото не било регистрирано.

-Сакам притоа, за да не се водиме по системот кадија те суди, кадија те тужи, да го потсетам министерот Спасовски дека веќе во штабот „За наше Куманово“ имаме пријавено неколку кривични дела коишто се работат согласно законот, поврзани дејствија со изборниот процес. Едниот е за физичкиот напад, насилно однесување, растурање на народен собир на локација Долно Којнаре. А другата е за изнудување на поткуп во изборен период. Се уште нема повратна информација до пријавителите. Паралелно сме сведоци како се прославуваат лажни настапи со лажни победи на коишто се пее и од ваша страна „Чао Максо“, а вистинската песна е „Чао Бела”. Тоа имавме можност да го научиме во други времиња кога се боревме за исти вредности, истакна Димитриевски.

Слични содржини