Димитриевски седна со противкандидатите: Куманово се одважи и покажа заедништво

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со сите кандидати за градоначалници за Куманово, Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ, и со Беким Салиу од АА/А за да дискутираат за подобрувањето на општината, но и за подобар квалитет на живот на сите кумановци.

„Оваа средба ја реализиравме со цел суштинските проекти од програмите на сите кандидати да ги инкорпорираме во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги имплементираме. Куманово се одважи и покажа заедништво, ова е патот по кој мора да се движиме. Тоа им го должиме на граѓаните, на себе и на нашите деца. Ветувам работење исклучиво во интерес на сите граѓани, затоа што граѓанскиот интерес е пред сè! Општината и во следните 4 години е отворена за сите граѓани, организации, институции, за сечија идеја и делување за подобрување и унапредување на Куманово. Општината секогаш ќе биде отворена и за моите противкандидати затоа што за интересите на граѓаните мораме да бидеме обединети и сложни. Ви благодарам за денешната средба!“, рече Димитриевски.

Слични содржини