Димитриевски: Во 2023 обезбедени 10 милиони денари буџет за субвенции и помош на социјално најзагрозени семејства

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека за оваа 2023 година обезбедни се 10 милиони денари буџет за субвенции и помош на социјално најзагрозени семејства, како и 3 милиони денари буџет за финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица.

„Граѓаните остануваат наш најголем приоритет на општина Куманово. Во 2023 година обезбедуваме 10 милиони денари наменети за субвенции и помош на социјално најзагрозени семејства и 3 милиони денари за финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица. И годинава, продолжуваме со субвенционирање на трошоци за комунални услуги, обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица-корисници на гарантирана минимална помош, еднократна парична помош или помош во натура, обезбедување на локални услуги преку Програмата “Општинско корисна работа, како и финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица“, потенцира Димитриевски.

Слични содржини