Димитриевски за „27 април“: Сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекоа

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во врска со крвавиот упад во Собранието кој се случи на 27 април 2017 година со насилство врз пратениците истакна дека поминале пет години, а за жал многу работи останале исти, а некои дури отидоа и на полошо.

„Правдата не смее да биде селективна, или казна за сите или пак амнестија за сите, за жал како и секогаш заглавија само подредените и подведените додека сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекоа и спогодија. Историјата и идните генерации ќе судат кој правилно постапи. Никогаш да не се повтори!“, рече Димитриевски.

Слични содржини