Димитриевски: „За наше Куманово“ доби претседателка на Клубот на жени и претседател на Клубот на млади

од Nikola Popovski

Граѓанското здружение „За наше Куманово“ информира дека за претседателка на Клубот на жени е избрана Оливера Трајковска, а за заменик претседателка Габриела Јовановска.

„Честитки за Оливера и Габриела, честитки за целото раководство на „Клубот на жени за наше Куманово“. На сите Ви посакувам успешна работа, исполнета со сплотеност, ентузијазам и нови идеи, за наше Куманово, за наша Македонија! Продолжуваме заеднички за подобра иднина на нашите деца“, потенцира кандидатот за градоначалник од граѓанското здружение „За наше Куманово“ од последните локални избори и актуелен градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски.

По иницијатива на младите од ова здружение, исто така формиран е Клуб на млади што ќе работи во рамки на здружението. За претседател на клубот од страна на иницијативниот одбор, едногласно е избран Борис Станковски.

Досега, покрај Куманово, и во Прилеп е формирано граѓанско здружение „За нашите граѓани“, а во Крушево е формирано граѓанското здружение „За иднината на нашите граѓани“. Во следниот период, предвидено е да се формира вакво здружение и во другите градови.

Слични содржини