Димитров: Австрија сака да се вклучи во решавање на спорот помеѓу Македонија и Бугарија

од Viktor Jovanov

Австрија со оглед на својата геополитичка позиција, се граничи со регионот. Тој политички економски и безбедносен елемент ги прави поддржувач на регионот за влез во ЕУ. Австрија затоа беше главен преговарач со Фајзер за овој регион. Гледаат пречка и проблем во спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Луѓето, владите, јавноста се потешко веруваат во зборовите на ЕУ, со таа недоверба влијанието на ЕУ ќе оди надолу, а нема по драстичен тест и приказна од македонската со оглед на пречките, реформската агенда и билатерални спорови со соседните земји. Австрија гледајќи го проблемот сакаат да помогнат, важно е за нив и за ЕУ, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров во денешната емисија Топ тема на Телма ТВ.

-Штом ќе ја надминеме првата секирација, вакцинирањето и намалувањето на коронавирусот, следниот приоритет е слободата на движење. Австрија вели дека со оглед на нашата геостратешка позиција мора да влеземе во системот за непречено патување низ земјите на ЕУ. Во однос на преговорите со Унијата, нашата позиција е кристално чиста, заслужуваме преговори со ЕУ. Австрија има стратешки интерес ова да успее, тоа значи дека и нашите соседи имаат таков интерес, ние сме тие што во иднина треба да бидеме европски сосед. Многу земји во ЕУ имаат историски проблеми, но нашле начин стратешки да работат заедно. Наш приоритет е стратешки поддржувачи да ни бидат Грција и Бугарија, вели Димитров.

Тој додава дека голем број земји членки на ЕУ, сметаат дека потребна е меѓувладина конференција и со Македонија и Албанија со ЕУ, што според Димитров тоа е јасен знак дека треба С. Македонија да остане во пакет со Албанија а да не заостанува.

-Дефинитивно ќе има обид за 2 меѓувладини конференции. Треба да видиме што ќе се случи со владата со Бугарија и преговорите. Но сепак не можеме да се оставиме на чекање. Мора да се обидуваме, мора и на соседна Бугарија да и објасниме каков е влогот. Имаме шанса за блиско пријателство и соработка и дали е историски мудро Бугарија да биде пречка за ЕУ интеграција на нашата земја, вели Димитров.

loading...

Слични содржини