Димитров: Благодарност за донацијата од Чешка од 108.000 маски, 18.000 маски тип FFP2/N95, како и пет илјади медицински наметки

Нашата земја, денес преку механизмот за цивилна заштита, доби донација од Чешка која опфаќа 108.000 заштитни маски, 18.000 маски тип FFP2/N95, како и пет илјади медицински наметки.

Вицепремиерот на Владата, задолжен за европски прашања Никола Димитров кој денеска присуствуваше на настанот на примопредавање на донацијата истакна дека во моментов, чекајќи ги вакцините, фокусот на Владата е обезбедување заштитен материјал за оние во првите борбени редови.

„Нашите пријатели од Чешка излегоа во пресрет на нашето барање што беше поднесено преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Со оваа помош, Чешка, со обезбедување заштитни маски и медицински наметки, влегува во едно друштво на наши пријатели кои преку овој механизам обезбедија помош. Чешка ни е голем пријател, очигледна е оваа солидарност, рече Димитров додавајќи дека во времето кога маските беа особено во фокус, во првата фаза од битката, добивме милион хируршки маски од Чешка.

Се заблагодарувам на чешкиот народ и чешката влада за оваа помош од името на нашата Влада и исто така за тоа што се принципиелни подржувачи на политиката на проширување, но и јасно стана во декември минатата година и промотори и чувари на ЕУ како заедница на вредности“, истакна Димитров.

Слични содржини