Димитров: Човек секогаш е задоволен од нешто, времето се подобри

од Nikola Popovski

Копретседавачот на бугарската страна од Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров не сакаше да изјави што договориле на денешната средба со неговите колеги од Македонија на вториот ден од состанокот на историчарите од двете земји.

-Нема да даваме изјави, ќе има соопштение од двете министерства за надворешни работи. Историчарите од двете страни ќе состават соопштение за медиумите, секој посебно од сопствената страна, рече историчарот.

На новинарско прашање дали се задоволни од денешната средба, Димитров кратко кажа дека човек секогаш е задоволен од нешто.

-Еве на пример времето се подобри. Не можам повеќе да коментирам, кажа Димитров пред зградата на МНР.

Во текот на денот Димитров информира дека е договорено заедничко чествување на Цар Самоил.

 

Слични содржини