Димитров: Да го зголемиме притисокот врз земјите членки, да не паднеме во замката на „жртва“

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќање на отворањето на конференцијата „Можности за регионална интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија“ што се одржa во Скопје во организација на Унијата на европските федералисти на Македонија, изјави дека регионалната соработка е нужност како во контекст на европската интеграција така и како начин за справување со предизвиците со кои се среќаваат и ги споделуваат земјите од регионот.

– Поврзаноста, создавањето можности, какво образование имаме, какво здравство имаме, колку работа има, колку таа работа е платена, какви се нашите демократии, дали имаме силни институции, дали имаме независни судии и дали медиумите ни се слободни, се елементите кои ќе го дадат одговорот на прашањето дали ќе успееме да чекориме во Европа како држави или ќе продолжи трендот на влегување во Европа како граѓани, индивидуално. Тоа е трката пред којашто сме исправени, нагласи Димитров.

Министерот потенцираше дека време е на Балканот сите да се согласат дека добрата вест за една држава, е добра вест за целиот регион, дека проблемот на една држава, е проблем на целиот регион, дека негативната асоцијација врзана со една држава или политиките на една држава, влијае негативно и на целиот регион и во таа смислам, истакна Димитров.

– Мислам дека за нашата нација многу е важно во текот на следните неколку недели и месеци да направиме се што можеме да го зголемиме притисокот врз земјите членки, да не паднеме во замката на „жртва“, оцени Димитров.

Тој оцени дека дека ќе помогне многу ако сите парламентарни политички партии најдат сила да го донесат законот за јавно обвинителство.

– Во оваа смисла мислам дека ќе помогне многу ако сите парламентарни политички партии најдат сила да го донесат законот за јавно обвинителство тоа е прашање што сосема ќе ја издигне нашата европска кандидатура од една страна, и второ мислам дека е многу важно покрај континуираното среќавање и разговарање со земјите-членки на Европската Унија, и новите институции сега во Брисел, да направиме се што можеме во смисла на работа, меѓутоа да не покреваме надеж дома, заклучи министерот.

Слични содржини