Димитров: Да сум на местото на Мицкоски ќе бегам што подалеку од прашањето за 27 април, тоа е ништење на државата

од Viktor Jovanov

За 27 април очигледно дека имавме насилно загрозување на уставниот поредок, сето тоа се случи за да не се формира влада. Јас да сум на местото на Христијан Мицкоски ќе бегам што подалеку од прашањето за 27 април. Целиот демократски свет се згрози,подуплаши, осуди и го нарече најцрниот ден на македонската демократија, изјави вицепремиерот Никола Димитров во денешната емисија Топ тема на Телма ТВ.

-Што бранеле они, на избори граѓаните одлучуваат, се формирало парламентарно мнозинство и никој жив не може да го спречи тоа мнозинство да избере спикер на Собрание и Претседател на Влада. 27 април е ништење на сопствената држава, секоја релативизација на тој настан вклучувајќи и повторено судење е против државен, рече Димитров.

Во однос на ситуацијата во СДСМ, со заминувањето на заменик претседателката Радмила Шекеринска и најавата за одвојување на пратеничките групи, Димитров вели дека се очекува исходот од претстојниот конгрес. Додава дека неговата улога се сведува на следење и дека целиот фокус е на интеграцијата во ЕУ.

-Поважно ми е што ќе се случува со интеграцијата на Македонија во ЕУ отколку СДСМ, во моментот фокусот ми е добивање на пристапни преговори и да си го држиме компасот здрав каде ни оди државата. Мојот статус во партијата ќе зависи колку ќе можам да влијаам на овие процеси, вели Димитров.

loading...

Слични содржини