Димитров: Да видиме што ќе биде во јануари во однос на евроинтеграциите

од Nikola Popovski

Прашањето на македонскиот јазик е прашање за македонскиот народ. Како што ние не одиме наоколу и не велиме – вашиот јазик не е ваш јазик…, нашиот јазик е наша работа. Во однос на тоа имаме целосно разбирање од сите земји членки, од претседателката на ЕК, од претседателот на Европскиот Совет и тоа прашање го затворивме во ООН, каде јазикот ни е македонски, вели вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Во однос на нашиот европски пат, Димитров потенцира „толку време одиме во циклус на надеж, што мораме да сме одговорни кон народот“.

-Декември е многу тешко, но да видиме што ќе биде во јануари. Ние имаме едно чудо датуми добиено, но се уште не сме ги почнале пристапните преговори. Сепак, Кирил Петков дава некои нови тонови, појаснува Димитров во гостувањето на „Емисија 200“.

Според него, ЕУ има проблем со политиката на проширување.

-Факт е дека ЕУ има проблем со политиката на проширување што се прекршува на нас, се прекршува на соседна Албанија и денес не мислам дека тој проблем ќе се реши овие денови, рече Димитров.

Слични содржини