Димитров: Дали ќе веруваме на ВМРО-ДПМНЕ или на Канцеларката Меркел?

од Nikola Popovski

Кандидатот за пратеник од СДСМ и носител на листа во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров, вечерва на централната трибина во Скопје им порача на скопјани дека не постои дилема кому да се верува кога се бира помеѓу опозицијата и кредибилните водечки европски лидери како што е Канцеларката Меркел, која пред 3 дена од Европскиот парламент рече дека прв приоритет на надворешната политика на ЕУ под германското претседателство со Советот на ЕУ, ќе биде почнувањето на пристапни преговори со Северна Македонија.

Димитров: „Јас не знам дали уште сме свесни, какво чудо ние направивме за две и пол години. 29 години сите политички лидери ветуваа НАТО и ЕУ. НАТО – испорачавме. ВМРО-ДПМНЕ викаа – нема да го решите проблемот. Го решивме проблемот. И влеговме во НАТО како Македонки и Македонци кои зборуваат македонски јазик. Викаа нема да влезете во НАТО – влеговме во НАТО. Викаат нема да добиете светло од ЕУ. 26 март о.г. добивме зелено светло.

Дали ќе веруваме на ВМРО-ДПМНЕ или на Канцеларката Меркел? Дали ќе веруваме на тие што викаа – нема да го решите, нема да успеете, нема да влезете во НАТО, нема зелено светло за ЕУ?“ – ги праша сограѓаните кои присуствуваа на централната трибина која вечерва се одржа во Скопје.

Слични содржини