Димитров до Силјановска: Од 2012 до 2017, ЕК не нарекуваше заробена држава и не ни даде позитивна препорака

од Nikola Popovski

„Има една карикатурална димензија да зборуваме за ЕУ со носителот на листата од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи оставштината на нивното владеење придонесе поголема да биде барикадата на нашиот европски пат“, ѝсе обрати Никола Димитров на Гордана Силјановса-Давкова во отвореното студио на ТВ 24.

„Последниот реален обид на еврокомесарот Фуле во 2012 година заврши крајно неславно, со исфрлање на тогашните опозициски пратеници од Собранието. Оттогаш до новата влада во јуни, 2017 година, ние успеавме да не наречат заробена држава од страна на Европската комисија и дури и да најават позитивна препорака, односно да не ја дадат. Во таа смисла, вие може да имате луксуз да не се радувате на овие исчекори напред“, вели Димитров.

За него, оваа власт покажа дека може да ги надмине пречките, штитејќи ги идентитетските прашања и додаде дека Бугарија многу вложила во нашата иднина.

„Госпоѓата Давкова има став за македонскиот јазик, а на трибина недалеку од тука имаше алузија за поништување на Преспанскиот договор“, заклучи Димитров.

Слични содржини