Димитров: Едната страна на компромисот со Бугарија е да не се договориме за се

од Берта Китинска

Компромисот со Бугарија има две страни – едната е да се договориме да не се договориме за се, а другата е таму каде што имаме заеднички интерес да направиме се да имаме конкретен патоказ, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервјуто за РСЕ.

-Сегашниот компромис, се извинувам не можам во детали оти е во деликатна фаза процесот, треба да се даде шанса да се вложиме во дипломатските преговори, разговори и контакти, меѓутоа, на крупно, компромисот има две страни – една страна, кога на некој начин се договараме да не се договориме за сè. Бугарската страна си има свои позиции, македонската страна си има свои позиции. Вториот дел од копромисот е таму каде што очигледно имаме заеднички интерес да направиме сè што можеме да имаме конкретен патоказ, со рокови, со надлежни институции, да го спроведеме Договорот за пријателство, вели Димитров.

Тој  вели дека спроведувањето на Договорот за добрососедство може да се мониторира преку Договорот за стабилизација и асоцијација.

– Правно гледано, ЕУ нема надлежност за билатерални договори, меѓутоа преку процесот за стабилизација и асоцијација, каде што седиме ние и целата Европска унија, а претседава високиот претставник – во случајов Борел, тука ЕУ може да го мониторира спроведувањето на Договорот за добрососедство, истакна вицепремиерот.

 

Слични содржини