Димитров: Европа дома значи европски начин на живот, за да не заминуваме со семејствата во другите земји

од Nikola Popovski

„Агендата: Европа дома значи европски стандарди, европски начин на живот, да си ги донесеме дома, за да не одиме со своите семејства во европските држави“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров за емисијата „24 анализа“.

Според него, дури и пристапниот процес е алатка за да се донесе Европа дома, бидејќи ние денес да станеме членка на ЕУ, условите ќе ни останат исти.

„Затоа и процесот е поважен од крајот и последниот чекор. Во некои делови, како на пример политички критериуми, сме нешто пред земјите кои се долги години во пристапниот процес. Оваа агенда ќе ја следиме на неделно ниво“, потенцира Димитров.

 

Слични содржини