Димитров: Европската перспектива на Западен Балкан е недоволно опиплива

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот вицепремиер на Северна Македонија, Никола Димитров, денеска на 22-от економски форум во Белград рече дека на регионот мора да му се даде опиплива перспектива за членство во ЕУ.

На панелот за влијанието на војната во Украина врз Западен Балкан, тој предупреди дека за време на кризата се зголемува економската разлика меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, бидејќи регионот е поранлив од остатокот на континентот бидејќи има повеќе луѓе кои живеат под прагот на сиромаштијата.

Тој додаде дека тоа ќе доведе до незадоволство на граѓаните во регионот од евроинтеграциите и оцени дека следната година ќе биде исклучително тешка.

„Сите сме во европскиот економски брод, бидејќи најголем дел од инвестициите доаѓаат од земјите членки на ЕУ, но економската разлика се зголемува, бидејќи надворешнотрговскиот дефицит на регионот е околу девет милијарди евра, а регионот ги добива истите изоноси од ЕУ, но за период од седум години“, рече Димитров говорејќи на собирот организиран од економскиот форум Делфи.

Тој оцени дека ЕУ не направила ништо опипливо од приемот на Хрватска во 2013 година и нагласи дека војната во Украина покажува дека, доколку ЕУ сака да има улога и тежина во новиот свет што се појавува, овој регион мора да стане дел од неа.

Димитров заклучи дека ЕУ ќе треба да создаде ситуација во која членството е можно и опипливо на хоризонтот и со одредување на датумот кога земјите ќе влезат во ЕУ.

Тој потсети дека Србија преговара осум години, но дека нема многу затворени преговарачки поглавја и посочи дека тоа значи дека нешто не е во ред со самиот пристапен процес.

Слични содржини