Димитров ги брифира амбасадорите од ЕУ за процесот на уставни измени

од desk2

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија, организиран од страна на амбасадорката на Австрија во Македонија, Ренате Коблер, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ, соопшти МНР.

Димитров се заблагодарил за австриската поддршка и заложба за европските перспективи на земјите од регионот за време на нивното претседавање.

Тој подетално ги брифирал амбасадорите за последните случувања на домашен план, пред сè поврзани со процесот на уставни измени во контекст на Договорот од Преспа.

– Даде преглед на клучните реформски активности, Планот 18 и позначајните ангажмани на домашен план поврзани со обврските кои произлегуваат од јунските заклучоци на Советот на ЕУ, посочуваат од Министерството.

Димитров ја нагласил посветеноста и решеноста и покрај деликатноста на процесите да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција.

– Меѓу другото на состанокот беа разменети мислења и за последните случувања во регионот и беше изразена надеж дека следниот јуни ќе биде донесена формалната одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, соопштија од МНР.

Слични содржини