Димитров: Гонзалес Лаја ја потврди силната поддршка од шпанска страна за пристапување на С.Македонија кон ЕУ

од Берта Китинска

Во Мадрид, МНР Аранча Гонзалес Лаја ја потврди силната поддршка од шпанска страна за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ и понуди споделување на искуство за движење напред во процесот, во областите како што се правосудство и владеење на правото, зелена агенда и дигитална агенда, напиша на својот Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

-Нејзина желба и заложба е да се усвои преговарачката рамка со ЕУ без натамошно одлагање, и за Северна Македонија и за Албанија, за да се означи официјалниот почеток на преговорите за членство во Унијата.Ми беше чест што го придружував премиерот во неговата посета на Кралството Шпанија, прва на ова ниво од воспоставувањето дипломатски односи пред 27 години, пишува Димитров.

Слични содржини